Насловна / Вести / Русија повторно голем извозник на гас во Европа од САД

Русија повторно голем извозник на гас во Европа од САД

Увозот на природен гас од Русија во Европа, минатиот месец ги надмина испораките од САД, што се случува за прв пат по речиси две години. Имено, во месец мај испораките на руски гас и течен природен гас (ТПГ), сочинувале 15% од вкупниот увоз во европските земји, и покрај сите напори во изминатиот период за намалување на руската зависност од овој енергент.

По почетокот на војната во Украина, Русија ги намали испораките на гас во Европа, а ЕУ го зголеми увозот на ТПГ кој главно доаѓа од САД. Така, во септември 2022 година, за прв пат увозот од САД го надминал оној од Русија, а веќе од 2023 година околу 20% од вкупно увезениот ТПГ во Европа потекнува од САД. Сепак, трендот се менува во мај 2024, во позадина на затворањето на голема постројка за ТПГ во САД, како и руското зголемување на испораките во Турција. Од друга страна, со оглед дека моменталните залихи на гас во Европа се блиску до рекордните нивоа, побарувачката во овој период е слаба.

Испрати коментар

Scroll To Top