Насловна / Вести / Русија постигна спогодба со Индија за изградба на 12 нуклеарни реактори

Русија постигна спогодба со Индија за изградба на 12 нуклеарни реактори

Nuklearna centrala vo India

Руската државна компанија „Росатом“ соопшти дека ќе и достави 12 нуклеарни реактори на Индија во период од 20 години, согласно спогодбата која денеска беше потпишана во Њу Делхи, а која има за цел да ја зајакне соработката во сферата на нуклеарната енергетика меѓу двете земји.

Реакторот од илјада мегавати веќе работи во нуклеарната централа „Куданкулам“, во индиската држава Тамилнаду, која е изградена од Русија, а вториот реактор треба да биде ставен во функција во 2015 година.

Рускиот претседател Владимир Путин инсистираше „Росатoм“ да го зголеми бројот на реакторите, кои може да ги достави до околу 25.

Индиските претставници нагласија дека вкупно шест реактори ќе бидат изградени во „Куданкулам“, а други шест ќе бидат наменети за објект, кој се уште не е одреден.

Путин денеска е во посета на Њу Делхи, каде со индиските лидери ќе разговара за зајакнување на трговската и енергетската соработка со третата по големина економија во Азија во момент на западните санкции, кои се закануваат да ја доведат руската економија во рецесија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top