Русија планира да создаде летачка лабораторија врз основа на авионот Ту-124, и со негова понатамошна модернизација и развој да дојде до модернизираната варијанта Ту-214Е. Ова ново техничко решение за авионот предвидува во целост електричен погон, пренесува „Гласот на Русија“.
Во моментов компаниите на руската воена индустрија истражуваат на ова поле, но планирано е во реализацијата на амбициозната програма да учествуваат повеќе од сто компании од авионската, радио-електронската и електротехничката индустрија, како и неколку водечки институти од Руската академија на науки.