Меѓународната вселенска станица (ISS) кружи во орбитата на височина од 400 километри над Земјата повеќе од 20 години. Според руски извори, работата на ISS ќе продолжи до 2028 година. Оваа одлука донесена е на „највисоко ниво“. Досега риуските и американските планови за ISS се протегаа до 2024 година. За продолжување на мисијата веќе долго се расправа, но едно од прашањата е дали техничките услови на станицата можат да дозволат такво продолжување. Со месеци ISS се соочува со пад на притисок и истекување на воздух, а во актуелниот период се работи на санирање на пукнатина со должина од 4,5 cm, како и на уште една исто така сериозна пукнатина. Овие дефекти според руските официјални извори, нема да влијаат на скратување на работата на ISS пред новопредвидениот рок од 2028 година. Во моментот на станицата има седум астронаути – четири американци, еден јапонец и двајца руси.