Русија планира да изгради сосема нов град на крајниот исток. Станува збор за т.н град сателит, па затоа и ќе го добие името Спутњик. За првата фаза од изградбата ќе бидат потребни околу 1,155 милијарди евра, а потребно е да се изградат еден милион квадратни метри. Првичниот план опфаќа површина од 2,8 милиони метри квадратни, па затоа реализацијата ќе се одвива во фази.
Договорот за изградба на новиот град Спутњик во близина на Владивосток е потпишан на Источниот економски форум. Пресметките за бизнис моделот за создавање на ваков град траат веќе подолго време. Според зборовите на министерот за развој на Далечнот исток на Русија, Алексеј Чекунов, додолку се соединат Владивосток и Артјом и таму се изгради нов град сателит, и во таа агломерација се привлечат уште 300.000 луѓе, тогаш на крајниот исток на Русија ќе се појави првиот милионски град. Источниот економски форум се одржува секоја година на почетокот на септември во кампусот на Далекуисточниот федерален универзитет во Владивосток. Оваа година неговата главна тема биле можностите за Далечниот исток во светот кој се менува.