Германскиот гигант Volkswagen (VW) според судска пресуда мора да плати 180 милиони евра оштета поради кршење на договорот со партнерската компанија во Русија. Имено, VW исто како и други евроспки марки, го напушти рускиот пазар набрзо по почетокот на војната во Украина, оставајќи ги своите фабрики со целокупната опрема и технологија. Затоа, компанијата партнер на VW на руска територија го тужела германскиот гигант, барајќи значајна сума за надомест на штета.
Процесот е воден пред суд во Русија и во отсуство на VW. Сега многумина се прашуваат дели можеби и Stellantis и Renault треба да очекуваат слично сценарио, или Русија ги презела нивните погони како своевидна компензација.