Насловна / Вести / Русија ја лансира својата ракета за слетување на Месечината после 47 години

Русија ја лансира својата ракета за слетување на Месечината после 47 години

Утре Русија ќе го лансира своето прво летало за слетување на површината на Месечината, после 47 години. Планирано е леталото да се спушти на јужниот пол на Месечината. Лансирањето од космодромот „Восточниј“ на 5.550 km источно од Москва, ќе се одржи четири седмици откако Индија го испрати својот лунарен уред Chandrayaan-3, кој е планирано да слета на Месечината на 23-ти август.

luna1

Нерамниот терен го отежнува слетувањето, но јужниот пол е важно одредиште бидејќи научниците веруваат дека би можело да содржи значителни количини мраз, кои би можеле да се искористат за кислород и вода за пиење, однодно издвојување на водородот како гориво. Руската вселенска агенција „Роскосмос“ соопштила дека нејзиното вселенско летало „Луна 25“, за пет дена ќе стигне до Месечината, а потоа ќе помине пет до седум дена во орбитата на Месечината пред да се спушти на едно од трите потенцијални локации во близина на јужниот пол. Тоа ќе значи дека руската мисија би можела да биде побрза од индискиот ривал. „Роскосмос“ истакнува дека двете мисии нема да си пречат една на друга бидејќи имаат различни планирани подрачја на слетување.

luna2

Chandrayaan-3 би требало да изведува експерименти во времетраење од две седмици, додека „Луна 25“ ќе се задржи една година. Европската вселенска агенција планираше да ја тестира својата навигациска камера Pilot-D така што ќе ја приклучи на „Луна 25“, но ги прекина сите врски со рускиот проект по почетокот на војната во Украина минатата година.

Испрати коментар

Scroll To Top