Со посебна одлука, руската влада го зголеми опсегот на сигурносните зони околу нуклеарните централи со цел нивна заштита од терористички напади, вклучително и други објекти од витално значење поврзани со нуклеарната енергија. Со оваа одлука се проширува сигурносната зона околу сите реактори, складиштата за нуклеарен отпад, нулеарно гориво и други извори на радиоактивност. Одлуката ги опфаќа и нуклеарните научно-истражувачки институти и центри ширум земјата.