Руската влада не дозволува домашните авиокомпании да набавуваат авиони од Airbus и Boeing. Во текот на март годинава, владата одбила да и издаде дозвола на авиокомпанијата „Победа“ за набавка на 30 авиони од производителот Boeing. Во исто време, моделот A220, на Airbus (поранешен C series Bombardier), не го доби неопходниот сертификат за летови во Русија.
Според прописите за увоз, Русија бара од сите државни авиокомпании да набават специјално одобрение ако сакаат да нарачаат авиони од странско производство. Откако на компанијата „Победа“, нискобуџетната подружница на „Аерофлот“ не и била дадена дозвола за зделка со Boeing, сугерирано и е да размисли за опцијата да набави домашни авиони MC-21. Овој модел е сеуште во фаза на тестирање, а употребата во сообраќајот е планирана за 2021 година.
Овие информации во руските медиуми, имале многу негативен одзив во јавноста, но сепак тоа не влијаело врз одлуката на руската влада.