Насловна / Вести / Русија и Унгарија ја започнаа изградбата на нуклеарката „Пакс 2“

Русија и Унгарија ја започнаа изградбата на нуклеарката „Пакс 2“

Русија и Унгарија планираат до крајот на оваа година да ги започнат работите на изградбата на енергетските блокови во нуклеарната електрана „Пакс 2“. Новите блокови ќе бидат изградени по руски проект за изградба на нуклеарни електрани од генерацијата III+. Градежните работи на локацијата се веќе во тек, а паралелно со тоа „Росатом“ ги произведува потребните компоненти за блоковите. На крајот на април 2024, во фабриката во близина на Санкт Петерсбург започнато е производството на реакторската комора на блокот бр.5.

Засега единсвената нуклеарна електрана во Унгарија, „Пакс“, се наоѓа на околу 100 километри од Будимпешта, односно 5 километри од градот Пакс. Таа произведува речиси половина од електричната енергија во Унгарија, а со пуштањето во работа на двата нови блока, овој удел значително ќе се зголеми. На крајот на јуни оваа година, ЕУ одобрила изземање на овој проект од санкции.

Испрати коментар

Scroll To Top