До есента 2016 година, тунел со должина од 690 метри ќе биде изграден на границата со Русија и Норвешка, пренесува интернет-страницата на норвешкиот Баренцесекретаријат Barentsobserver, повикувајќи се на норвешката администрација задолжена за патишта.
Овој тунел треба да стане најзначајниот елемент од новата патна инфраструктура меѓу норвешкиот пограничен Киркенес и руската територија. Во моментов трасата Е105 е единствена автомобилска траса која ги соединува двете држави, а растојанието меѓу Мурманск и Киркенес изнесува околу 250 километри.