Насловна / Вести / Русија и Кина за партнерство во нуклеарната енергетика

Русија и Кина за партнерство во нуклеарната енергетика

Atomska centrala rosatom

Развојот на соработката меѓу Русија и Кина во атомската енергетика беше дискутиран на средба помеѓу претставници од двете земји во Москва, соопшти одделот за комуникација на државната корпорација „Росатом“. Дискусијата се одржа на ниво на генералниот директор Сергеј Кириенко и првиот човек на Кинеската државна нуклеарна корпорација CNNC Сан Чин, пренесува РИА Новости.

„На средбата беа дискутирани перспективите за соработка во атомската енергетика меѓу двете корпорации“, се вели во соопштението.

Државната корпорација „Росатом“ се грижи за спроведување на државната политика и за единствен менаџмент во употребата на атомската енергија, стабилно функционирање на индустриските комплекси за атомска енергија и атомско вооружување, нуклеарна и радијациона безбедност. Исто така ѝ се доверени задачи за исполнување на меѓународните обврски на Русија на полето на мирна употреба на атомската енергија и неширење на нуклеарни материјали.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top