Русија и Белорусија работат на развој на повеќенаменски авион со капацитет за 19 патници. Проектот под името LMS-192 Osvey ќе го изведе „Уралскиот комбинат за цивилно воздухопловство“ (UZGA) и „558 Авио-ремонетен погон“ (558 ARZ). Белоруската компанија на проектот ќе му обезбеди производни каапцитети, додека UZGA ќе обезбеди нарачки. Се очекува првите испораки да бидат во 2030 година.
Развојот на овој авион имал неколку пресвртници во текот на 2024 година. Првиот важен чекор бил во мај, која е сврстен во сеопфатната програма за развој на националната авиоиндустрија до 2030 година. Според плановите, почетокот на заедничкото сериско производство е закажано најдоцна до 2027 година, со истовремена изградба на 20 авиони. До 2028 година, производството треба да порасне на 46 авиони, а до крајот на 2030 година ќе достигне 158 Osvey единици.