Руската влада ќе се откаже од ограничување на рокот за бесплатна приватизација на станбените недвижнини, најави на својот Фејсбук профил рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Според актуелниот закон, погодноста за бесплатна приватизација за граѓаните требаше да заврши до 1 март оваа година. Претходно овој рок неколку пати бил продолжуван – најпрво до 1 март 2010 година, а потоа до истиот датум 2013, 2015 и 2016 година.
Медведев предлага рокот за бесплатна приватизација на станбените недвижнини сега целосно да се укине, што би се утврдило и со закон.