Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Русија го откажува „Јужен поток“

Русија го откажува „Јужен поток“

south-stream-in-bulgaria
Русија најави дека ја стопира изградбата на гасоводот „Јужен поток“, кој требаше да ја заобиколи Украина во пренесувањето на енергенси до Европа. Путин ја обвини ЕУ за блокада. Аналитичари се сомневаат дека проектот е мртов. Рускиот проект „Јужен поток“ вреден 40 милијарди долари е жртва на падот на цените на енергенсите, намалената побарувачка во Европа и на политичкиот судир меѓу ЕУ и Москва околу украинската криза.

Русија во понеделникот (1.12) најави дека се откажува од проектот „Јужен поток“, наведувајќи ги блокадите од ЕУ, а во иднина ќе ја преферира Турција како партнер.

„Тоа е тоа. Проектот е затворен“, изјави шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер во понеделникот, наведувајќи ги блокадите од ЕУ како главна причина. Кусо претходно, и рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Турција соопшти дека натамошната изградба на проектот нема логика поради противењето на Бугарија да започне со градежните работи на морскиот брег.

Испрати коментар

Scroll To Top