Русија, како единствена земја која во моментот испраќа екипажи во орбитата, презема остри антиепидемиски мерки со цел да спречи корона вирусот да стигне до Меѓународната вселенска станица планиран со новиот екипаж. Имено, лансирањето на „Сојуз-2.1а“ од космодромот во Бајконур со Сојуз МС-16 и три нови членови на екпедицијата на Меѓународната вселенска станица е планиран за 9-ти април. Во моментот главните и резервни екипажи се наоѓаат во Ѕвездениот град недалеку од Москва, и треба да стигнат на космодромот на 24-ти март. Според зборовите на одговорниот на медициснкото одделение на Центарот за обука на космонаути, руските космонаути и астронаутите на НАСА во Бајконур ќе бидат во карантин, со најстроги ограничувања.