Насловна / Вести / Русија договори замрзнување на производството на нафта

Русија договори замрзнување на производството на нафта

Замрзнување на производството на нафта на јануарското ниво е договорено во Русија за ова година, соопшти рускиот претседател Владимир Путин.
Тој рече дека со нафтените компании е договорено производството на нафта ова година да не се зголемува.
„Се сретнавме со управите на нашите нафтени компании. Постигнат е договор оваа година производството на нафта да го држиме на јануарското ниво“, рече Путин.замрзнување на производство нафта во русија
Рускиот претседател додаде дека ќе продолжат разговорите со партнерите од странство за ограничување на производството на нафта заради стабилизација на цените.
Саудиска Арабија, Русија, Венецуела и Катар минатиот месец постигнаа договор за ограничување на производството на нафта, но под услов и другите производители тоа да го сторат, што Иран веднаш го отфрли.

Испрати коментар

Scroll To Top