Црквата Св. Преображение во Кижи, Русија, е изградена во 1714 година од борово дрво, и според тогашната столарска традиција без да се закова ниту еден клинец. Прекриена е со 22 куполи кои се спуштаат од врвот кон основата, со различна големина и форма.
Бидејќи црквата немала греење, била отворена за верниците само во текот на летото. Било сосема вообичаено во Русија во тоа време да има цркви во пар, за лето и за зима. Според тоа, комплементарната зимска црква е изградена подоцна, односно во 1764 .
Во текот на 19 век делови од иконостасот се заменети, а темелна реставрација е извршена во 1950 година. Од 1990 година e на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.