Насловна / Вести / Руси ќе ги реконструираат српските пруги на Kоридорот 10

Руси ќе ги реконструираат српските пруги на Kоридорот 10

zeleznica

Српски и Руски железници потпишаа нов анекс на договорот за реализациjа на рускиот кредит и тоа за реконструкциjа на три делници на пругите на Коридорот 10, на северот на Србија, а како што најавува директорот на Дирекцијата за инфраструктура на „Српски железници“, Горан Максиќ, работите би можеле да почнат за месец и пол, пренесува Танјуг.

Вкупната должина на пругите што ќе бидат реконструирани е околу 65,7 километри. СТанува збор за делниците Рума-Голубинци (17,9), Сопот космајски-Ковачевац(18,4) и Мала Крсна Велика-Плана (29,4) на северниот крак на Коридорот 10, а вредноста на работите е 48,7 милиони евра.

На тие пруги ќе бидат вратени проектираните брзини на возовите од 120 километри на час, додека сега возовите на нив се движат со брзина меѓу 30 и 50 километри на час.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top