Најмногу недвижни имоти во Црна Гора минатата година купиле државјани на Русија и на Србија, соопшти црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.
– Во 2013 година над 570 Руси вложиле пари за купување имоти, како и 420 Срби, а останатите купувачи се од други земји и се помалку, истакна Вујановиќ.
Тој изрази задоволство дека Русите изразуваат интерес и кон северниот дел на Црна Гора.
Според него, Црна Гора на руските бродови треба да им го даде на располагање своето пристаниште Бар, а исто така и активно да соработува во рамки на договорот за зона за слободна трговија.