„Русхидро“ и кинеската енергетска корпорација PowerChina се договорија да вложат во развој на мали хидроцентрали, со моќност до 25 мегавати, 3,5 до 5 милијарди долари, пишува весникот „Ведомости“ повикувајќи се на текстот на договорот.
„Русхидро“ и PowerChina се договораат за создавање на заедничко претпријатие во вид на фонд, појаснува извор близок кон едната страна на преговорите. „Русхидро“ како влог во проектот може да внесе пари и сопствени проектни решенија, а уделот на PowerChina, веројатно, ќе биде платен со готовина. Околу 70 д0 80 проценти од вредноста на зедничките проекти се претпоставува дека ќе бидат обезбедени од страна на кинески банки.
Партнерите можат да учествуваат на тендери за изградба на таканаречени зелени електроцентрали, кои работат на обновливи извори на енергија, во чиии рамки се и малите хидроцентрали. До крајот на 2020 година партнерите можат да изградат 35 мали хидроцентрали со моќност од 500 мегавати.