По страшната трагедија предизвикана од рушење на мостот во Ѓенова се отвараат многу прашања и бараат одговорности.
Италјанскиот министер за внатрешни работи Mateo Salvini им вети на граѓаните дека одговорните за несреќата ќе бидат изведени пред лицето на правдата. „Сум го преминал мостот стотици пати. Сега, како италијански државјанин ќе направам се, овакво нешто никогаш повеќе да не се случи“, изјави Salvini.
Владата на Италија најави дека ќе го раскине договорот со приватната компанија Autostrade per l’Italia, која била задолжена за одржување на мостот. Од компанијата порачаа дека со специјална опрема ја контролирале состојбата на конструкцијата на секои три месеца и дека не приметиле никакви оштетувања.
Мостот познат како Морандиев мост изграден е во 60-тите години (завршен 1967 г.) и е дел од автопатот А10 кон јужниот брег на Франција.
Името го добил по својот творец Рикардо Моранди (1902 – 1989). Моранди е италијански градежен инженер, познат по својата иновативна употреба на армиран бетон. По работењето во Калабрија и сопствено биро во Рим каде истражувал на армирани и пренапрегнати бетонски конструкции за потоа да стане професор по мостовски конструкции на Универзитетот во Фиренца и на Универзитетот во Рим. Негови дела се повеќе мостови како во Италија така и низ светот:
Ponte Morandi (Tuscany),Италија, 1953.
Paul Sauer Bridge, Јужна Африка, 1956
Ponte Amerigo Vespucci, Фиренца 1957
Fiumarella Viaduct, Catanzaro, Италија, 1960
Kinnaird Bridge, Castlegar, Канада, 1960
Ponte Morandi, Genoa, 1967
Wadi el Kuf Bridge, Либија, 1971 (во 2017 забранет за сообраќај од безбедносни причини)
Carpineto Bridge, Potenza, Италија, 1973
Barranquilla Bridge, Magdalena River, Колумбија, 1974
General Rafael Urdaneta Bridge Lago de Maracaibo, Венецуела, 1962, делумно оштетен во 1964 г. по удар од танкер
Puente de la Unidad Nacional, Guayas river, Guayaquil, Еквадор, 1970
За мостот во Ѓенова апели од стручната јавност се слушале и пред само две години, кога професорот Antonio Brencich од Универзитетот во Ѓенова мостот го нарекол „неуспех на инженерството“. Тоагш изјавил за италијанските медиуми: „Мостот е лош. Порано или подоцна ќе мора да го заменат“.
И заменик министерот за сообраќај Eduardo Riksi деновиве изјавил дека граѓаните овој мост го користат минимум два пати дневно, но сепак не е срушен и повторно изграден. Наместо тоа со години е поправан, а најголема реконструкција му е направена во девеесетите години кога се поставени и додатни челични греди.
Експертите рушењето на мостот го карактеризираат како „мошне необично“, но веруваат дека може да биде поврзано со поравките кои се во тек, но и со олујното невреме кое ја ослабело конструкцијата.
Делот што се сруши е долг неколку десетици метри, а медиумите пренесуваат дека мостот е реконструиран во 2016 година.
Стручњаците истакнуваат дека нема да биде лесно да се открие причината за рушењето. Сепак во познавачите на приликите се издвојуваат три можни причини за трагедијата.
Корозија
Jan Firt, поранешен претседател на Институтот на градежни инженери и стричњак за мостови, изјавил дека долгата структура од еден километар е потпрена од две кули „А рамка“ со помош на посебни кабли за оваков тип мостови, така е изградена уште во 60-тите години. „Бидејќи мостот стои сиве овие години, можно е дека дошло до корозија на арматурата“, изјавил Firt, но не сакал да нагаѓа додека на почне истрагата.
Постојани поравки
Постојаните поправки на мостот исто така би можело да бидат делумно одговорни за колапсот, истакнуваат стручњаците, поради што можеби не бил доволно стабилен да го издржи последното невреме. Мостот долго време би тема на расправа на инженерите поради големите трошоци за негово одржување. Цената на одржувањето во еден момент требало да ја престигне цената на трошоците за изградбата, поради што добар дел од струката барал тој да се сруши и да се изгради нов.
Проблематична конструкција
Според зборовите на професор Мehdi Кashani од Универзитетот во Саутемптон, тој истакнал дека мостот е изграден од армиран и пренапрегнат бетон уште пред 50 години. Вели дека голем број мостови ширум светот се направени на ист начин, но се соочуваат со проблеми од корозија и пренапрегнати тетиви.
Што точно допринело за рушење на мостот ќе утврди истрагата, но ќе се бара одговор и на прашањето дали слични мостови би можеле да доживеат иста судбина.
Ќе се трага по одговори на низа прашања, влијанието на корозијата на арматурата, оптеретување поради сообраќај, влијане од ветер, земјотрес, ефектиоте од невремето кое дивеело во моментот на несреќата, но и евентуалното влијание на работите кои биле во тек.