Легендарниот хотел „Југославија“ во Белград наскоро ќе биде срушен, а на негово место планирано е да никне луксузен комплекс. Работите на негово рушење ќе започнат во декември, а познатиот лустер од Сваровски кристали, кој е дел од Гинисовата книга на рекорди, ќе биде сочуван. Новиот хотел ќе биде дел од престижен мешународен ланец, а до крајот на годината ќе биде познато и кој. Инвеститорот планира да инвестира половина милијарда евра во изградбата на новиот хотел и две кули, со што значително ќе се промени панорамата на овој дел од градот. Планирано е едната кула да има 42 ката и да биде поблиску до центарот на градот, додека другата ќе биде деловна кула и ќе има 34 ката.
Новиот хотел ќе има исто така осум ката, но со значително помал број на соби. поради прилагодувањето на стандардите на хотелите со пет ѕвезди. Ќе има 200 луксузни соби, како и претседателски апартман по највисоки стандарди. Планирано е хотелот да биде завршен до почетокот на изложбата Expo 2027.