Мирна вила во рурална, природна, чиста животна средина, со ливади и реки, флора и фауна, и со патеки за шетање?
Да, постои такво место, на островот Салт Спринг, Британска Колумбија. Во прашање е рурална вила, која мери околу 700 м2 и имот од 30 хектари, кој е исполнет со прекрасни природни елементи.
Вилата е дизајнирана за комфор и опуштени дружења, и има само една спална соба и голем број простори за пречек на гостите и организирање на различни забави. Рачно изработените материјали се во целосна согласност со животната средина на вилата, така што вилата не го нарушува мирот и релаксацијата, која се чувствува во оваа област.
Дрвените подови, гредите и балустради, претставуваат совршен баланс на природната убавина на ентериерот, во кој што можеме да ги видиме камените ѕидови.
Целиот имот и сета нејзина убавина сега се достапни за купување во вредност од само 1.675 милиони долари.