Романскиот архитект Влад Русу победи на конкурсот со свое решение за целосна реконструкција на стара културна сала во местото Блај во централна Романија. Целта била овој повеќенаменски простор стар повеќе од 80 години, да се приспособи на современите текови за да може во него да се одржуваат различни културни настани.
Решението на Влад подразбирало објектот да се соголи до конструкцијата и да се создаде нов ентериер, кој ќе потсетува и на старите денови.
Инаку, зградата била целосно уништена од пожар во 1995 година и од тогаш чекала подобро време за реконструкција.
Акцентот е ставен на конструкцијата со убавите арки ѕидани во тули.
Бидејќи фотографии од оригиналниот ентериер не постојат, архитектот Влад имал одврзани раце за новиот дизајн на просторот. Затоа, тој креира едноставен и отворен ентериер, кој лесно може да се приспособи на различни настани, пишува Dezeen.
Ѕидовите се соголени до оригиналните тули, кои се обновени и ставени се во преден план. Оваа живописна текстура е смирена на некои места со бели гипсени детали, кои ги врамуваат отворите и балконот.
Салата која прима 250 луѓе го изразува духот на минатото време, но во исто време и современиот живот. Тоа е токму она што Влад сакал да го постигне!
Проектот на оригиналната зграда бил направен од страна на архитектот Victor Smigelschi од Букурешт.
Современото дизајнирано осветлување му дава на објектот модерен контекст.