Северна Кореја можеби нема докажани резерви на нафта, но лежи на резерви од над 200 миниерални руди, чија вредност се проценува до 10.000 милијарди долари. Не постојат официјални податоци за тоа колку навистина вреди севернокорејското рудно богатство, но според груби проценки од почетокот на оваа деценија, севернокорејските резерви на јаглен, железо, бакар, цинк, злато, сребро, магнезит, молибден и многу други метали, вредат помеѓу 6.000 и 10.000 милијарди долари, пренесува Russia Today. Пред распаѓањето на Советскиот Сојуз, официјален Пјонгјанг беше многу посветен на рударството и трговијата со руди со соседните комунистички земји.
Меѓутоа, рударската индустрија на почетокот на 90-тите години од минатиот век претрпе колапс, поради децениите занемарување и недоволно вложување во развој на потребната инфраструктура. Севернокорејскиот рударски сектор сега е под целосно ембарго од страна на Обединетите Нации, бидејќи Пјонгјанг во последните месеци го зголеми бројот на нуклеарни проби и ја интензивираше воената реторика. Мината година, ОН му забранија на Пјонгјанг да тргува со металите, што е сериозен удар за економијата, бидејќи по овој основ земјата годишно генерирала пригоди од над една милијарда долари. Целта на овие санкции, како што наведува Russia Today, е да се запре трговијата на земјата со руди, и режимот на Ким Џонг Ун економски да ослабне.