Насловна / Вести / Розово езеро во Србија

Розово езеро во Србија

Некаде на половина пат од Нови Сад кон Суботица, во близина на Бачка Топола се наоѓа селото Пачир, а во него, мало чудо – вештачко езерце исполнето со топла солена, термална и лековита вода и тоа со розова боја.

000_resize

Пачир Бања е базен со термална вода единствен во Војводина и во овој дел од Европа.

Во 2008 година е направен проект за истражување на подземните води. По шест години е пробиен бунар на длабочина од 1.400 метри, направен е термо бунар за да се постават пумпи и одводи, по што се изградени објекти и се уредува брегот на езерото. Бањата е отворена во 2014 година, а четири години подоцна е изграден и затворен дел каде што се базените.

01_resize

Топлата вода во Пачир доаѓа од длабочина од 1400 метри и е солена, што го прави одењето во оваа бања единствено искуство. На својот пат кон површината, водата поминува низ различни слоеви на карпи, со што се збогатува со минерали. Водата содржи натриум, јод, сулфат, бром и многу други минерали кои го поттикнуваат здравјето. Температурата на водата при излегувањето на површината е 72 степени, а кога ќе се олади достигнува температура од 30 до 35 степени.

Водата има мирис на јод и фенол, но посетителите се навикнуваат за неколку минути.

1_resize

03_resize

Езерото покрај многу минерали, содржи и 21-22 грама сол на литар. Врз основа на составот на водата, бањата добила медицински сертификат. Топлата, солена вода помага во зачувување и одржување на здравјето, има исклучителни својства во лекувањето на разни болести, особено кожни болести, ревматизам и состојби по повреди.

002_resize

Розовото езеро е со површина од 2.000 квадратни метри, а длабочината на водата се зголемува кон средината и достигнува 1,70 метар. Дното е покриено со обли камења кои се исклучително удобни за стапалата при одење во водата.

Бањата Пачир покрај розовото езеро, содржи и два затворени базени кои се достапни и во зима.

н_resize 02_resize

0_resize

00_resize

Испрати коментар

Scroll To Top