Знаевме дека дијамантите и другите скапоцени камења се неверојатно скапи, но многумина се прашуваат кој е сепак најскапиот дијамант.
Еве го одговорот. Pink Star или „Розова ѕвезда“ е најскапиот дијамант во светот. Овој розов дијамант од 59,60 карати беше продаден во 2013 година на аукција во Женева и чинел неверојатни 83 милиони долари. Дијамантот е со димензии 2,69 со 2,06 сантиметри и тежи 11,92 грама. Покрај тоа што е најскап, „Розова ѕвезда“ е најголемиот скапоцен камен во светот.
Директорот на Sothesby секторот за накит во Европа и на Блискиот Исток, Дејвид Бенет, пред аукцијата, изјавил дека овој дијамант е на исто ниво со „најголемите природни богатства на Земјата“. Исак Вулф е новиот горд сопственик на дијамантот и тој на женевската аукција го купил овој преубав скапоцен камен.