Ако сте обожаватели на меки пинк и розови нијанси, тогаш дефинитивно ќе ви се допадне трендот што го претстави H&M Home оваа година. Како тие ги гледаат ентериерите во новата година, јасно нè известуваат со новата колекција која ги комбинира сите нијанси на розевата боја, без разлика дали станува збор за специфични парчиња мебел или декоративни детали за домот.
Тие посочуваат дека споменатите нијанси најдобро се совпаѓаат во комбинација со бели, светли тонови или пак со мермер, и дека таквата сценографија во ентериерот е софистицирана, смирувачка, но и суптилно раскошна.