Нафтената корпорација Royal Dutch Shell ќе го купи британскиот производител на гас BG Group за 70 милијарди долари, пренесоа агенциите. Ова денеска го изјавија двете компании.
Тоа е најголемиот договор за спојување во индустријата за изминатата деценија.
Експертите забележуваат дека трансакцијата е овозможена поради намалените цени на нафтата и наредното поевтинување на нафтените средства.