Роверот Curiosity, кој и припаѓа на американската вселенска агенција NASA, испрати уште една прекрасна фотографија од Марс. Новата фотографија претставува споени две панорами од иста област на Црвената планета наутро и попладне, а тоа е Marker Band Valley. Фотографиите с енаправени на 8ми април годинава со помош на црно-бели камери, едната во 9:20, а другата во 15:40 часот. Оваа „разгледница“ претставува последниот поглед на роверот на овој регион, бидејќи тој ја продолжува својата истражувачка мисија на кратерот Gale широк 154 километри барајќи траги од органски молекули и други можни индикации дека некогаш на Марс постоел живот.
Треба да се истакне дека споменатата „разгледница“ е колоризирана и дека прикажува драматично поинакви услови на осветлување во долината Marker Band Balley со утрински и попладневен контраст. Најновата фотофрафија е објавена речиси 11 години по пристигнувањето на роверот Curiosity на Марс. На неа се гледа и марсовската планина Mount Sharp висока пет километри, која се подига од центарот на кратерот Gale. Исто така видлива е и споменатата долина Marker Band Valley, каде Curiosity открил знаци од постоење на езеро пред неколку милијарди години. Покрај тоа, се гледаат и клучните делови на роотот, три антени, изворот ан нуклеарна енергија и инструментот од Radiaton Assessment Detector (RAD). Овој инструмент собира податоци за радијацијата на Марс, кои се важни за идните мисии на испраќање на астронаути на оваа планета.