Nathaniel Nat Rothschild, британскиот финансиер и член на богатото и влијателно семејство Rothschild ја продава својата куќа на Менхетен.
Ова живеалиште се наоѓа во една од најпознатите живописни улици на Гринич Вилиџ, и е многу префинета, елегантна и раскошно декорирана. Дизајнирана е од страна на големиот британски архитект Дејвид Чиперфилд, додека нејзиниот ентериер е дело на Дејвид Млинариќ.
Наследникот на Rothschild бара 17,5 милиони долари за својот дом во Менхетн, во Вест Вилиџ. Неговата градска куќа е на пет ката и има површина од околу 500 м2. Таа содржи две спални и три бањи. Има високи тавани и Basaltin камини, грандиозна кујна и кровна тераса со туш на отворено. Постои голема и убава градина, која е дело на познатата дизајнерка за пејзажна архитектура Миранда Брукс.