Насловна / Вести / Ротердам ќе ја гради најголемата структура за прочистување на воздухот

Ротердам ќе ја гради најголемата структура за прочистување на воздухот

слика-1

Холандската фирма Studio Roosegaarde објави кампања со цел да се изгради најголемиот вакум за собирање на смог во Ротердам. Поради таа цел иноваторот  Daan Roosegaarde постави кула која што е висока 7 метри и истата ќе го собира јаглеродот диоксид од воздухот и ќе го трансформира во накит. Првата вакум кула ќе биде поставена во септември, а доколку проектот се покаже како успешен се планира да се постават дополнително уште неколку вакви структури во други држави, вклучувајќи ги Кина, Мексико и Индија. Една кула има капацитет да прочисти околи 375 милиони кубни честички смог секојдневно, а инвестицијата за да се изгради една кула чини околу 54.000 долари.

слика-2

Другата иновација покрај чистењето на воздухот е дека истата оваа структура ќе биде способна да произведува накит од постоечкиот јаглерод во внатрешноста, инспирирани од идејата дека дијамантите се произведуваат од јаглерод кој што подоцна се обработува. За производство на еден прстен ќе бидат потребни околу 10 000 метри кубни смог од кои што 42 проценти ќе бидат јаглерод.

слика-3 слика-4 слика-5 слика-6 слика-7

Испрати коментар

Scroll To Top