Холандскиот град Ротердам ќе започне своите улици да ги поплочува со пластични материјали. Новиот материјал што ќе се користи за градење на патишта е поеколошки, побрзо се поставува и поотпорен е од асфалтот – тврдат во компанијата VolkerWessels. Во процесот на производство на алфалтот годишно се емитуваат во атмосферата 1,6 милиони тони CO2, па употребата на новиот материјал, кој инаку поднесува температури од -40°C до +80°C, значително би продонела за подобрување на квалитетот на животната средина. Изградбата на патишта од пластика значително ќе го скрати и потребното време за изведба.
Уште една погодност на патиштата од пластика е тоа што секциите се шупливи па можат да послужат за положување на кабли и сл. инсталации. Идејата сè уште е во фаза на разработка, но градот е повеќе од подготвен да биде првиот што ќе го тестира овој материјал на улиците. Дали е ова почеток на крајот за асфалтот?