Во согласност со неодамна потпишаната спогодба, руската компанија Росатом ќе го модернизира генераторот и пратечката опрема кај нуклеарниот реактор број 5 во НЕ Козлодуј во Бугарија.
Рокот за изведување на работите е 500 денови, а се очекува дека проектот ќе биде целосно завршен во мај 2018 година. Тоа е дел од една поширока програма со која Бугарија планира да го продолжи векот на реакторите за 30 години.
Програмата предвидува продолжување на работниот век на двата активни реактори, а вкупната инвестиција вреди 360 милиони евра. На модернизацијата за продолжување на реакторот број 5, освен Росатом ќе бидат ангажиран и францускиот EdF како партнер.
Како резултат на оваа модернизација моќноста на реакторот ќе биде зголемена од 1000 на 1100MW. Сличен договор за модернизација на реакторот број 6, претходно имаат потпишано истите партнери.