Насловна / Архитектура / Roofscapes – мрежа од зелени кровови за борба против климатските промени

Roofscapes – мрежа од зелени кровови за борба против климатските промени

Head over clouds, е проект на тројца француски студенти по архитектура и развој на недвижности на MIT во Бостон, кои во 2020 година основале стартап програма под името Roofscapes studio. Целта на овој проект е трансформација на косите покриви во густо населените градски средини во зелени покриви. Идејата е поктивите да се прекријат со платформи исполнети со растенија, нудејќи нови зелени надворешни простори кои го ублажуваат ефектот на урбаниот топлински остров.

roofscape1

roofscape2

Во 2021 година, Roofscapes е избран да ја претстави својата работа на Биеналето за архитектура и урбанизам во Сеул, кој бил фокусиран на отпорноста на градовите на климатски промени. За потребите на Биеналето, Roofscapes studio направил голем модел во размер 1:50, кој ја прикажува визијата на тактичкиот урбанизам на покривите на густите европски населби.  Истражувањата кои ги спроведува MIT со помош на климастки симулации, покажуваат дека за 25 години поради порастот на температурите ќе исчезне природната вентилација во градовите како Милано, Будимпешта и Париз. Тогаш овие подрачја ќе бидат целосно изложени на директното сончево зрачење.  Во ваква ситиуација, зелените покриви би биле од големо значење. Системот на зелени покриви би користел лесно дрво и слој од органски материјал како земја и растенија, а поставувањето нема да бара замена на постоечките покриви. Овој пристап ги оптимира енергетските перформанси на зградите, спречувајќи прегревање на покривите.

roofscape3

roofscape4

Тимот направил проценка на потенцијалните локации, а потоа се испитувани самите покриви од аспект на дополнителното оптоварување. Дополнителните оптоварувања се пренесуваат на носечките столбови на зградата кои често се предимензионирани, особено кај градбите кои датираат од пред Втората светска војна. Големиот модел на проектот е прецизно направен и претставен на изложбата во Сеул. По завршувањето на овој настан, моделот е пренесен на Париската климатска академија, каде и денес е изложен.

 

Испрати коментар

Scroll To Top