Станбено-деловна зграда, лоцирана над Сараево на падините на планината Требевиќ, оддалечена само 1.200 метри од салата Скендерија, започнa да се гради.
Објектот Roof Gardens е проект на две познати архитектонски бироа од Босна и Херцеговина, „Филтер“ и „Нонстоп“ и ќе претставува симбол на градот.
Со својата октогонална форма и јавниот централен плоштад, Roof Gardens изобилува со традиционални мотиви и надворешен амфитеатар поврзан со шумска патека со стогодишната австро-унгарска кула Палеж.
Простаните простори за живеење и забава се сместени на начин кој отвора поглед на широка панорама од врвот на Бјелашница, преку Илиџа до Башчаршија.
Самата форма на зградата претставува рамнотежа помеѓу околниот пејзаж инспириран од борови шуми и карпи и внимателно осмислени содржини.
Панорамски поглед
Она што ги прави Roof Gardens атрактивен е панорамскиот поглед на Сараево, донесувајќи синергија на деловен, забавен и семеен живот, далеку од смог и секојдневна врева.
Roof Gardens се наоѓа на атрактивна локација на покривот на градот и на самиот почеток на шумата на Требевиќ, што било инспирација за името.
Симбол на градот
„Изградбата ќе започне на 1 јули 2021 година, додека завршувањето се очекува за 30 месеци. Сите потребни дозволи и одобренија за почеток на изградбата се обезбедени“, посочуваат од инвеститорската компанија Roof Gardens од Сараево, и додаваат дека преку овој проект сакаат да му подарат на Сараево единствен симбол, по примерот на големите светски метрополи, почитувајќи ја историјата на архитектурата во БиХ и почитувајќи ја еволуцијата на градскиот живот, и на тој начин да овозможат посебно доживување на боравок.