Насловна / Архитектура / Романтичен замок во Швајцарија претворен во хотел

Романтичен замок во Швајцарија претворен во хотел

Zamok hotel suise

Во швајцарскиот град Луцерн се наоѓа хотелот „Шато Гуч“ изграден на местото на вила од 18 век и ловечка куќа од 1844 година.

Zamok hotel suise4
Замокот, чиј стил е инспиран од дворецот на баварскиот крал Лудвиг Втори, е со површина од 4.645 квадратни метри  и од него се пружа прекрасен поглед кон Луцернското Езеро и околните планински масиви.

Zamok hotel suise2
„Шато Гуч“ е дело на архитектот Мартин Лоренс Булард, кој при неговото проектирање бил инспириран од густавскиот стил, кој бил многу популарен во Швајцарија кон крајот на 19 век.

Zamok hotel suisse1
Хотелот има 27 соби и апартмани во кои доминираат сината, светлозелената и сончево-жолтата боја, што целата градба ја прави свежа, безвременска и модерна.

zamok hotel suise1
Сегашни сопственици на замокот се рускиот магнат Александар Лебедев и неговиот син Евгениј, кои сакаат да му го вратат стариот сјај, но строго водат сметка за почитување на автентичниот дизајн.

zAMOK HOTEL SUISE3

Zamok hotel suise5

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top