Во малото живописно место Имеровигли на островот Санторини сместен е потполно романтичен и шик ресорт Kapari Natural Resort.
Kapari Natural Resort се наоѓа на врвот од карпа со што автоматски му е обезбеден најубавиот можен поглед на споменатото место. Овој ресорт датира уште од 1950 година, а неодамна било целосно обновено и реконструиран однатре, но сепак ја има задржано автентичноста на сеприсутниот Медитеран и автентичната островска архитектура.
Хотелските соби во оваа сместување се одликува со топол минимализам каде што сите детали и парчиња мебел се избрани со големо внимание и вкус, а особено акцентот е ставен на комбинација од бел камен и полно дрво.
Освен стандардните соби, во понуда се и апартмани кои имаат свој базен, и впечатлив поглед на морето на кој никој не може да остане рамнодушен. Се разбира, во рамките на објектот е и шармантен ресторан кој нуди медитерански деликатеси.