Во Букурешт се наоѓа еден необичен музеј – „Романски музеј на кичот“, чија збирка содржи необични односно кич предмети собрани низ целата држава. Што е кич? Безвредно творештво со претензии да биде достапно ан широк круг луѓе? Псевдоуметност? Секако, музејот дава некои одговори. Отворен е од страна на Christian Lica, а поделен е на вкупно осум целини, од кои една е посветена на грофот Дракула. Една од тематските целини го прикажува комунистичкиот кич, а друга се занимава со религискиот кич. Посетителите имаат на располагање работилници каде и самите може да креираат кич. Сопственикот на музејот ги замолува сите оние кои имаат нешто интересно дома, да испратат фотографии од тие предмети.