Романија планира да воведе задолжителна ревизија на сајбер безбедноста на соларните електрани, и тоа не само за големите туку и малите кои се инсталирани на покривите на домаќинствата, компаниите или институциите.
Нацртот на извршната одлука која е подготвена од страна на Министерството за енергетика на Романија вклучува и одредби за задолжителна ревизија на споменатите електрани, со цел заштита на електроенергетската мрежа на земјата. Сите компоненти на соларните електрани со мал или голем капацитет би требало да бидат предмет на ревизија поради загриженоста дека е можно да се праќаат податоци на трети земји. Министерството покренало јавна расправа за овој пропис со кој се верува дека ќе се заштити националната инфраструктура од дигитална ранливост.
Романија има соларни електрани со вкупен капацитет од 3.700MW. Околу 2.000MW се фотонапонски системи во соспстваност на над 100.000 прозјумери. Предложениот пропис, освен споменатата цел, има и улога во создавањето на цврста и одржлива рамка за развој на капацитети за складирање на енергија, вклучувајќи батериски системи и реверзибилни хидроцентрали. Претходно владата најавила дека ќе потпише договори за инсталирање на батерии со капацитет од 1,5GWh.