Романската нафтена компанија OMV Petrom објави дека донела одлука за учество во проектот Neptune Deep. Заедно со партнерската компанија Romgaz ќе започнат експлоатација на гас од Црното море. Според романските медиуми, се очекува проектот Neptun Deep да испорача вкупна бруто количина од 100 милијарди кумби метри природен гас. Првите количини се очекуваат во 2027 година, после вкупни вложувања од 4 милијарди евра. Со овој деловен потег, Романија ќе стане најголем производител на гас во ЕУ, како и најголем нето извозник на гас.
Оператор на проектот е OMV Petrom со 50% удел. Реализацијата на проектот е важен чекор во реазлизацијата на стратегијата на оваа компанија за периодот до 2030 година. Романија ќе има вишоци на природен гас, бидејќи ќе го удвои сегашното производство. Истовремено, земјата значително ќе придонесе и во зајакнувањето на регионалната енергетска сигурност.