Насловна / Вести / Романија одлучи да се збогува со јагленот

Романија одлучи да се збогува со јагленот

Плановите за изградба на термоцентрала на јаглен кај Ровинари со моќност од 600MW, најверојатно се сосема пропаднати, бидејќи романската енергетска компанија  Complexul Energetic Oltenia – CE Oltenia побара од своите акционери да донесат одлука врз основа на моменталните услови на домашниот и европскиот енергетски пазар. Оваа вест следи веднаш по изјавата на министерот за економија, енергетика и деловно опкружување на Романија, дека земјата веќе нема да изгради ниту една термоцентрала во иднина. Во повискот за генералното собрание на акционерите закажано за 14-ти декември, државниот производител на јаглен и електрична енергија изразува сомневање во „реалните можности и способност“ да се инсталира споменатиот нов капацитет. Преговорите со компанијата China Huadian започнале во 2012 година, а во 2016 се прекинати. По две години повторно се обновени, но без значаен напредок. Кинескиот партнер требало да биде мнозински сопственик на новата постројка во југозападна Романија.

oltenia2

Во меѓувреме, сертификатите за емисија на гасови со ефект на стаклена градина и другите трошоци, сериозно ја оптоваруваат  CE Oltenia, па компанијата сега смета на милијарди евра државна помош со цел да обезбеди одржливо работење во периодот на затворање на повеќе рудници за јаглен и термоцентрали и изградба на постројки на обновливи извори на енергија. Актуелната пандемија претставува само уште еден удар на и онака кревката финансиска состојба.

Bankwatch укажува дека проектот во Ровинари е молкум изоставен од Националната стратегија за енергетика, која Романија ја објави во септември, и нагласува дека Србија и Босна и Херцеговина се сега единствените земји во Југоисточна Европа кои и натаму планираат изградба на термоцентрали на јаглен. Оваа организација за заштита на животната средина упати критики до CE Oltenia, наведувајќи дека одлуката на компанијата да се потпре на природен гас е исто така неодржлива.

oltenia1

 

Испрати коментар

Scroll To Top