Романија ќе добие 2,14 милијарди евра од Фондот за праведна транзиција (JTF) за поддршка во поправеден премин кон поодржлива економија, објави Европската Комисија. Средствата ќе бидат насочени кон најзагрозените области, помагајќи и на Романија да ја исполни својата обврска за постепено укинување на јагленот до 2032 година. Станува збор за шест области: Дољ, Галати, Горј, Хунедоара, Мурес и Прахова. Во две од овие области – Горј и Хундероара, сеуште активно се рудари јаглен, додека во другите има индустрии кои интензивно користат јаглен.
„Фондот ќе ги поддржи работниците кои се погодени со актуелната енергетска криза со цел да пронајдат нови кавлификации и нови работни места. Исто така ќе се поддржат и малите и средни претпријатија, а во одредени случаи и големите компании, за отворање на нови работни места и диверзификација на економијата во јаглеродно интензивните региони“, објавила Европската комисија. Фондот исто така ќе инвестира и во нискојаглеродни и технологии на обновливи извори, како на пример во производството на зелен водород.