Холандската енергетска компанија NERO Renewables планира во Романија да изгради ветерна централа со вкупно 362 ветерни турбини и инсталирана моќност од околу 1.000 MW. Со тоа оваа централа ќе има за дури 400 MW поголем инсталиран капацитет од централата Fantanele-Cogealac, која засега е најголемата копнена ветерна централа во Европа и исто така се наоѓа во Романија.
Проектот ќе чини 1,4 милијарди евра, а изградбата би требало да почне во 2019 година и да трае две години. Во согласност со овие свои планови, компанијата NERO Renewables во октомври 2017 ја основала својата романска подружница, а распишан е и јавен повик за големите производители на ветерни турбини да ги достават своите понуди.