Насловна / Вести / Романија и Србија разговараат за „Ѓердап 3“

Романија и Србија разговараат за „Ѓердап 3“

Романија и Србија уште еднаш ја потврдија подготвеноста за заедничка соработка на проектот „Ѓердап 3“, на состанокот за енергетска безбедност во Букурешт. На оваа средба во организација на Партнерството за трансатланска енергетска и климатска соработка (P-TECC), присуствувале официјални претставници на САД, Европската комисија и земјите од Западен Балкан. Двете соседни држави веќе ги имаат интензивирано состаноците на ниво на министри за енергетика околу оваа идеја, која е дискутирана и при одбележувањето на 50 годишнината од хидроцентралата „Ѓердап 1“ со која заеднички стопанисуваат, како што е тоа случај и со „Ѓердап 2“. Новина е фактот што „Ѓердап 3“ е замислена како хибридна реверзибилна хидроелектана, која ќе има и пловечка фотонапонска постројка и ветерници.  Тоа би била прва електрана од ваков вид во Европа.

gjerdap2

gjerdap3

Србија веќе работи на проектно-техничка документација за гасен интерконектор со Романија, со што ќе добие можност за поврзување со гасниот систем на Романија и гасоводот BRUA, кој оди од Црно море до Австрија, и тоа преку Романија, Бугарија и Унгарија.

gjerdap4

Испрати коментар

Scroll To Top