Насловна / Градежништво / Романија и Бугарија ќе градат два нови моста на Дунав

Романија и Бугарија ќе градат два нови моста на Дунав

Danube_Bridge_border_crossing
Романија и Бугарија денеска во Букурешт потпишаа меморандум за разбирање за спроведување истражувања за изградба на два нови моста на реката Дунав.

Меморандумот беше потпишан од бугарскиот министерот за транспорт, информатички технологии и информации Николина Ангелкова и романскиот министер за државна администрација и регионален развој Ливиу Драгња.

Со потпишаниот документ двете страни се ангажираат да почнат изградба на два нови моста на реката Дунав, прво помеѓу градовите Никопол и Турну Мугуреле, а потоа помеѓу Силистра и Калараш.

Двете држави ќе состават заедничка работна група, која ќе ги определи техничките детали и изворите за финансирање на проектите. Речиси е извесно дека дел од потребните финансиски средства ќе биде обезбеден од европските фондови.

Испрати коментар

Scroll To Top