Насловна / Вести / Романија го забрани извозот на житариците, и продажбата на енергетските компании

Романија го забрани извозот на житариците, и продажбата на енергетските компании

Владата на Романија, одлучи да го забрани извозот на пченица, пченка, ориз, сончоглед и други култури, како и извозот на масло за јадење и шеќер, се додека е на сила вонредната состојба со епидемијата на корона вирусот. Романија е еден од најголемите извозници на цереалии во Европската Унија. Само во 2018 година, извезени биле 12 милиони тони. Забраната се однесува на целиот извоз, но продажбата во земјите од ЕУ ќе биде дозволена само доколку купувачот докаже дека стоката нема да биде пренасочена кон трети земји.

Исто така, забранета е и продажбата на мнозински удели во компаниите, вклучувајќи го и националниот енергетски систем. Многумина се прашуваат зошто во овој момент се воведува оваа мерка. Имено, претходно, Кина се здружи со романската државна компанија со цел изградба на нов енергетски блок во една постоечка електрана, но засега тие планови се во мирување. Кон крајот на март, Европската комисија објави насоки со кои ги повикува земјите членки во полна мера да го користат механизмот за надзор на странските инвестиции, со цел во време на економска нестабилност се заштити клучната европска инфраструктура. Чешката енергетска компанија „Чез“ која има значителен имот во Романија, неодамна објави дека планира повеќе да се фокусира на домашниот пазар и да го продаде имотот во странство. Компанијата соопшти дека многу инвеститори покажале интерес, вклучително и романски, но досега не е реализирана ниту една продажба.

cereals1

cereals2

 

Испрати коментар

Scroll To Top