Насловна / Вести / Романија ги поедноставува процедурите за производителите – потрошувачи (прозјумери)

Романија ги поедноставува процедурите за производителите – потрошувачи (прозјумери)

Домаќинствата кои се пријавуваат за субвенции во склоп на програмата Casa Verde Fotovoltaice за фотоволтаици, ќе користат електронска апликација и фондови одобрени од локалните власти.  На располагање е и нов софтвер за пресметка на фотоволтаиците на покривите, развиен во склоп на споменатата програма.

casaverde1

 

Исто така, романската регулаторна агенција за енергетика ја поедностави постапката за поврзување на прозјумерите, односно на нивните постројки од обновливи извори на енергија на мрежа.  Во таа насока, се поедноставува и забрзува постапката за поврзување на мрежа за постројки со инсталирана моќност до 400 kW. Поедноставувањата важат за граѓаните, бизнисот и јавните институции кои веќе добиле техничко одобрување пред 25-ти јули, но не потпишале договор.

casaverde2

Испрати коментар

Scroll To Top