Романските власти ќе побараат од Европската Комисија, да го продолжат рокот до 2021, до кога романските електрични централи на јаглен ќе мора да се ускладат со европските еколошки директиви. Според државниот секретар з аенергетика на оваа земја, документот ан Брисел под името „Најдобри достапни техники“ содржи многу построги правила од оние кои претходно биле на сила, и според кои мора да бидат ускладени поетоечките терммоцентрали на јаглен. Владата во Букурешт стартувала со изработка на студија која ќе предложи какви инвестиции се потребни за ова ускладување. Од друга страна пак, кон средината на минатата година, главниот извршен директор на големиот енергетски комплекс Oltenia, бил категоричен во својата изјава пред јавноста, дека новите еколошки стандарди “значат затворање на сите романски термоцентрали на јаглен“, пренесува EnergyWorldMagazine.